Директорите на Лестер на состанок, сопственикот на клубот бил во хеликоптерот кој се урна

by
1 минути читање

„Лисиците“ вчера
беа погодени од голема трагедија, еден час по крајот на дуелот со Вест Хем се
урна хеликоптерот на сопственикот на клубот кој секогаш полетува од центарот на
игралиштето на „Кинг Пауер“ стадионот.

Полицијата и
Лестер се уште немаат излезено со официјално соопштение и покрај тоа што
поминаа повеќе од 15 часа, но неколку извори од Англија утрово пренесоа дека во
хеликоптерот кој синоќа се урна бил и сопственикот Вишаи Шривадханапрабха.

Скај Спортс Њуз
како и новинаската агенција Ројтерс повикувајќи се на извори блиски до клубот
пренесоа дека во хеликоптерот била и ќерката на бизнисменот од Тајланд, двајца
пилоти и уште едно лице чиј идентитет во моментов не е познат.

Сепак медиумите и
понатаму немаат информации дали некој го преживеал падот или пак сите се мртви.
Хеликоптерот се урна кратко по полетувањето и се запали на 200 метри од „Кинг
Пауер“ стадионот, на паркингот кој го користи персоналот на Лестер.

Исто така
директорите на Лестер утрово почнаа да пристигнуваат на „Кинг Пауер“ садинот на
состанок и се очекува наскоро да пристигне и официјално соопштение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани