Премиерлигата
наводно се подготвува за воведување на едно големо правило, со кое би можело да
се забранат замени во текот на дополнителните периоди по регуларните 90 минути
игра.
Процентот на
замени направени по 90. минута расте, од 21,3 во 2011/12, тој се искачи на 24,3
до ланската сезона, па со тоа челниците на англискиот фудбал сериозно
размислуваат на оваа тема, за да се сопре намерното трошење време во тие
периоди од натпреварите.
Times пишува дека
високи челници на ФА веруваат дека речиси секоја замена во дополнителниот
период се врши за да на тактички начин се задржи време, а од таму сугерираат
дека секој фудбалер кој е предвидено да го напушти теренот, тоа да го стори во
најблиската линија од теренот, отколку да задржува време дур стигне до местото
предвидено за тоа.
На Островот
пишуваат дека сево ова ќе биде разгледано идниот месец на состанокот кој ќе го
имаат високите челници на ФА, во подготовката за годишната средба на англиската
фудбалска асоцијација предвидена во март.
„Барањето начини
како да се сопре задржувањето време, да се убрза играта и да се зголеми
периодот на игра е еден од нашите приоритети“ вели еден од челниците на ФА.
„Едно од
правилата кое би можел да го издвојам е да повеќе не се прават замени во текот
на дополнителниот период, тоа е интересен предлог и би можел да функционира.
Вообичаено судиите додаваат по 30 секунди за една замена, но, во пракса тоа би
можело да се зголеми“ додава тој.