Манчестер
јунајтед викендов на домашен терен го пречекува незгодниот Евертон во рамките на
десеттата рунда натпревари во Премиерлигата, во пресрет на мечот кој е
предвиден да се одигра во недела на Олд Трафорд, Жозе Мурињо на
пресконференцијата беше запрашан и за Златан Ибрахимовиќ.
На Островот
одредени медиуми ја отворија можноста искусниот шведски напаѓач да се врати во
редовите на Премиерлигашот, но, португалскиот стратег на кратко ги коментираше
овие шпекулации.
Запрашан од
новинарите за тоа дали постои било каква можност за враќање на Ибрахимовиќ,
Мурињо кусо одговори: “Не,
нема таква опција“.
Мурињо викендов
ќе се судри против својот добар пријател Марко Силва, кој лани обезбеди победа
против Манчестер јунајтед со Хал во Лига купот, пред да го преземе кормилото на
тимот од Гудисон Парк.