По синоќешната
убедлива победа од 4-0 над аутсајдерот Црвена звезда, Ливерпул веќе стигна до
шест бодови во групата „Ц“ од Лигата на шампионите, со што во истата
конкуренција е на првото место, со бод повеќе во однос на Наполи, односно два
во однос на ПСЖ, белградскиот тим со еден освоен бод е на последното место.
Салах одигра
одличен меч на Енфилд постигнувајќи два погодоци, од кои еден од белата точка,
а со тие два, офанзивецот стигна до 50. гол во дресот на Ливерпул, а за да
стигне до тој учинок му беа потребни 65 натпревари, па тој постави рекорд во
Премиерлигашот како прв фудбалер кому најбрзо му успеало да дојде до бројката од
50 погодоци.
„Тоа е навистина
убав рекорд и јас сум горд на тоа, тоа што силно го посакувам е да постигнувам
голови и да и помагам на екипата да победува, ова беше важен меч за нас, а
најважно е тоа што победивме“ рече Салах по мечот.
Египјанецот сруши долгогодишен рекорд во клубот, истиот претходно го поседуваше Алберт Стабинс, кому му беа потребни 77 натпревари за да стигне до бројката од 50 погодоци. Стабинс беше прва ѕвезда на Ливерпул во пост-воениот период кога во сезоната 1946/47 им помогна на Редсите да стигнат до првата титула во Првата дивизија.