„Каталонците“ го задржаа 100% учинок во Лигата на шампионите, вечерва пред своите фанови триумфираа над Интер. И покрај тоа што настапи без повредениот Лео Меси, Барса доминираше и забележа победа од 2-0.
Рафиња го отвори резултатот во 32. минута, а дилемите околу победникот ги реши Жорди Алба во 83. минута.
ПСЖ во 93. минута се спасуваше од пораз пред своите фанови во дуелот со Наполи. Инсиње донесе водство за гостите по половина час игра откако мајсторски ја префрли топката преку голманот на „Светците“. Домаќините изедначија во 61. минута со несреќниот автогол на Руи, но Наполи се врати во предност со голот на Мертенс во 77. минута од мечот.
Ди Марија во третата минута од судиското надополнување погоди прекрасно од далечина за 2-2 и поделба на бодовите.
Ливерпул со убедливи 4-0 триумфираше над Црвена звезда, а со истиот резултат Борусија Дортмунд го совлада Атлетико Мадрид. Порто со 3-1 победи на гостувањето кај Локомотив Москва додека пак Галатасарај и Шалке одиграа 0-0.