Де Брујне: Станувам се посилен и посилен

by
1 минути читање

Манчестер Сити ја
потврди фаворитската улога на гостувањето кај Шахтер и славеше убедливо со 0-3
во третото коло од групите во Лигата на шампионите, стигајќи до втората победа,
а има и еден пораз, и тоа пред своја публика од Лион.

Кевин Де Брујне
се врати од повредата која го оддалечи подолг период од терените, изминатиот
викенд одигра повеќе од 60 минути во убедливата победа од 5-0 над Барнли во
Премиерлигата, а синоќа одигра 70 минути, притоа реализирајќи една асистенција
на средбата, во голот на Лапорт за 0-2.

Се чувствувам
одлично, се вратив, играм, мислам дека пружив добра партија, станувам се
посилен и посилен, само ми се потребни натпревари за да се вратам во оној ритам
во кој посакувам, за почеток да играм по половина час или 70 минути денес за
мене е одлично
“ рече Де Брујне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани