Барселона –
Интер, тоа е пресметката за вечерва во рамките на третото коло од групите во
Лигата на шампионите, која љубителите на фудбалот сигурно со нетрпение ја
очекуваат.
Каталонците
тргнаа со две победи, и тоа против ПСВ и Тотенхем, а италијанскиот тим славеше
против истите екипи, вечерва тимот од Милано ќе има вистински тест на своите
можности на Камп Ноу по седумте победи во низа во сите конкуренции.
Иван Ракитиќ
предупредува дека на Барселона нема да и биде лесно против „гладниот“ за успех,
Интер, Хрватот посочи дека постои голем ентузијазам во таборот на ривалот кој
владее и по победата против ривалот Милан.
„Не го гледав
дербито на Милано, но Перишиќ ми рече дека било тешко за нив, се уште, тој е доста
ентузијастички расположен по победата, ние можеме да видиме дека Интер е гладен
и ентузијастички расположен за успех“ вели Ракитиќ за Газета дело Спорт.
„Тие го загубија
Наинголан, но Рафиња ми рече дека имаат големи желби во Лигата на шампионите,
сигурен сум дека е такво расположението кај нашиот противник“ заклучи Хрватот
кој притоа истакна дека повредата на Меси е шанса за останатите да се докажат,
а во однос на Икарди, посочи дека е еден од најдобрите на светот.