Аурелио Де
Лаурентис ја отвори можноста Едисон Кавани да се врати во редовите на Наполи,
но, додава дека тоа би се случило доколку уругвајскиот напаѓач повеќе не сака
да биде дел од ПСЖ.
Кавани постигна
повеќе од 100 погодоци во дресот на Наполи во само три сезони, пред да се
приклучи на ПСЖ во 2013. година.
„Треба да сте луд
за да не бидете среќен во Наполи“ посочи Де Лаурентис во изјавата за Le
Parisien во пресрет на вечерашната
пресметка помеѓу ПСЖ и Наполи во третото коло од групите во Лигата на шампионите.
„Дали ова е
порака до Кавани? Одлуката е само негова, сево ова само од него зависи, врата
на клубот за него е секогаш отворена, доколку тој повеќе е сака да игра за ПСЖ,
ние ќе најдеме начин да се договориме со францускиот клуб, никој не сака во
своите редови да има фудбалер од негов калибар, а да не биде среќен во екипа“
заклучи претседателот на Калчолигашот.