64
Во среда Црвена звезда му гостува на Ливерпул, а во следното коло црвените доаѓаат во Белград. Во центарот на вниманието е Џердан Шаќири кој го очекува жесток прием поради случувањата на дуелот меѓу Швајцарија и Србија на светското првенство кога тој и Џака „летаа орли“.
„Тоа ќе биде обичен натпревар и ќе се однесувам кон него како таков“, вели Шаќири.
„Секако, ќе има многу луѓе кои ќе ми свират, но мене секој натпревар ми е ист. На крајот тоа е само фудбалски натпревар. Тоа е спорт, не политика“.