Фудбалер на Саутемптон ја заработи најголемата казна во Велика Британија

by
1 минути читање

Марио Лемина од
Саутемптон може да се „пофали“ дека ја добил најголемата казна во Велика Британија. 25 годишниот
репрезентативец на Габон во три наврати не ја известил полицијата кој го
управувал неговиот автомобил Мерцедес, кој бил „уловен“ како вози побрзо од
дозволеното.

Фудбалерот се
правдал дека не знае кој бил зад воланот, дали тоа бил неговиот брат или пак
братучед. Казните никогаш не биле пишани, но затоа пак поради тоа што Марио
Лемина навреме не ја известил полицијата и ги игнорирал писмата, сега е казнет
со нешто над 96.000 фунти.

Играчт од
средниот ред исто така добил и 18 казнени поени на возачката, од претходно имал
21 поен, па ова значи и забрана за возење од една година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×