Манчестер
јунајтед и Барселона изминатиов период прават напори да стигнат до Мончи,
спортскиот директор на Рома, но, од друга страна од Италија наведуваат дека тој
има одличен однос со претседателот на Калчолигашот, Џејмс Палота, кој извесно е
дека ќе пружи максимален отпор за да го задржи во клубот.
Шпанецот се
стекна со голема репутација во фудбалскиот свет како најдобриот оперативец за
трансфери во Европа, мина две, доста успешни години на таа позиција во тимот на
Севиља, а се шпекулира дека Манчестер јунајтед во него гледа идеална опција за
замена на Ед Вудворд.
Барселона е исто
така заинтересирана, но, како што стојат работите, тешко дека би можело да се
постигне договор со Рома околу ова прашање.