Меси за прв пат го прокоментира трансферот на Роналдо: Реал Мадрид сега е послаб!

by
1 минути читање

Ривалството
помеѓу Меси и Роналдо е најголемото на денешницата, двајцата се бореа
за највисоките лични и тимски трофеи и тоа носејќи ги дресовите на двата вечни и
лути ривали, Барселона и Реал Мадрид.

Но тоа се промени
откако изминатово лето Кристијано Роналдо реши да замине од Сантијаго Бернабеу
и да започне нова авантура во Јувентус.

Лео Меси сега
беше гостин во емисијата „Тот Коста“ на Радио Каталуња и за прв пат проговори
за преселбата на Кристијано Роналдо во Торино.

„Реал Мадрид е
еден од најдобрите тимови во светот, има квалитетни играчи и добар состав но
јасно е дека без Кристијано Роналдо тие се послаб тим а Јувентус е јасен фаворит
за триумф во Лигата на шампионите“
– вели Аргентинецот.

„Бев изненаден од
неговата одлука, не замислував дека може да замине од Мадрид или пак да се
пресели во Јувентус. Го поврзуваа со еден куп тимови, речиси и да не се споменуваше Јувентус,
но се работи за многу добар тим“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×