Челси доминираше и ги освои трите бода против Борнмут (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првиот меч за
денеска во редовното четврто коло од Премиерлигата го доби Ливерпул кој донесе
три бода од гостувањето кај Лестер, славејеќи со 1-2, а во стандардниот термин
од 16 часот проследивме уште пет средби, меѓу кои во фокусот на вниманието беше
дуелот на Челси кој ја имаше фаворитската улога против Борнмут, и истата ја
потврди.

Екипата на Челси
долго ја плетеше мрежата околу голот на Борнмут, па иако во самиот финиш од
првиот дел Алонсо не искористи ветувачка шанса, првиот гол домаќините го
постигнаа дури во 72. минута и тоа преку Педро.

Тимот на Сари
победата пред своја публика, вкупно четврта од исто толку одиграни натпревари
на стартот од новата сезона во Премиерлигата, ја потврди преку Азар на пет
минути до истекот на регуларните 90 од средбата на Стемфорд Бриџ арената.

Од останатите
средби го бележиме ремито на Фулам кај Брајтон со 2-2, иако гостите имаа
водство од 0-2, на крајот го прокоцкаа и ќе се задоволат само со бод. Евертон
одигра 1-1 пред своја публика против Хадерсфилд кој иако прв поведе, на крајот
не го сочува водството.

 

Резултати:

Брајтон – Фулам 2:2

Челси – Борнмут 2:0

Кристал Палас –
Саутемптон
0:2

Евертон –
Хадерсфилд
1:1

Вест Хем – Волверхемптон
0:1

 

Со почеток од
18,30 часот играат Манчестер Сити – Њукасл, а четвртата рунда натпревари ќе се
комплетира со утрешните дуели Кардиф – Арсенал (14,30), Барнли – Манчестер јунајтед
(17,00) и Ватфорд – Тотенхем (17,00).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×