Ливерпул има фантастично отварање на сезоната, денеска прокнижија уште три нови бода откако со целиот плен се враќаат од гостувањето кај Лестер.
Црвените уште од самиот старт тргнаа офанзивно и резултатот беше отворен веќе во десетата минута кога по асистенција од Робертсон, Мане погоди за водство на Ливерпул од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Фирмино постигна гол за водство на Ливерпул од 2-0, веќе се надзираше победникот.
Иако имаше неколку одлични шанси, Лестер успеа да постигне само еден гол и тоа благодарение на голем кикс на голманот на Ливерпул, Алисон Бекер кој неуспешно се обиде да го издрибла Медисон, тој му ја зема топката, додаде до Гезел кој намали на 2-1.
Ова беше првиот примен гол за Алисон во Премиерлигата.