871
Мемфис Депај игра
како препороден по трансферот во Лион, ова лето доби неколку понуди, имаше
шанса да потпише за Милан, но реши да продолжи со „децата“ и да игра во Лигата на
шампионите.
Сепак, новата
сезона не оди според планот, Мемфис Депај има само еден погодок по четири кола, а
синоќа Лион го претрпе и вториот пораз откако пред своите фанови загуби од
Ница.
Како сето ова да
не е доволно, па откако Холанѓанецот синоќа се вратил дома дознал дека бил
ограбен додека тој играл против Ница. Според АФП, крадците си заминале со богат
плен во вредност од 1,5 милиони евра, сума која полицијата сепак не сакаше да
ја потврди.