Пеп Гвардиола застана во одбрана на Мурињо

by
1 минути читање

Мурињо и Јунајтед лошо ја почнаа сезоната, по трумфот над Лестер, следуваа два порази, еден против Брајтон на гостински терен, и дебакл против Тотнем на Олд Трафорд.

Португалскиот стратег трипи критики во изминатиот период, а еден од оние кои застануваат во негова одбрана е Пеп Гвардиола.

„За жал тоа е нашата работа, ми се случило и мене во минатото, нашата работа зависи од резултатите. Кога победувате сте добри, кога не победувате не сте добри, едноставно така е. Квалитетот на тренерот верувам дека е кога ќе се искачи на тоа највисоко ниво, сите тие се топ, топ тренери“, изјави Пеп Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×