Кремот на Европа
попладнево се собра во Монако за извлекување на групите во Лигата на шампионите,
церемонија на која беа прогласени и најдобрите изминатава сезона.
Главната награда
му припадна на Лука Модриќ, кој беше прогласен за најдобар играч во годината, и
ваквиот избор го разгневи агентот на Кристијано Роналдо.
„Роналдо постигна
15 гола и го предводеше Реал до нова титула во Лигата на шампионите. Ова е
смешно, срамота! Не сакам да го оспорам квалитетот на победникот, тој е
најдобар на својата позиција“ – порача Жорж Мендеш кој сепак не кажа зошто ЦР7 не допатува
во малото кнежевство.
Многумина се
зачудени зошто Кристијано Роналдо не се појави во Монако, и до овој момент нема
објаснување за неговото отсуство.