Двајцата играчи
имаа еден дуел во финалето од Лигата на шампионите по кој се крена многу
прашина бидејќи фудбалерот на Ливерпул заработи повреда. Многумина сметаат дека
имало намера во стартот на дефанзивецот на Реал, нешто што тој категорично го
негираше.
Серхио Рамос и Мо
Салах одново се во центарот на вниманието откако седеа еден зад друг на
церемонијата која попладнево се одржа во Монако за извлекувањето на групите од
Лигата на шампионите.
Капитенот на
„Кралевите“ се појави на сцената за да ја добие наградаа најдобар дефанзивец и
кога се врати на своето место го потапка Салах по рамо, истото она кое
Египјанецот го повреди во Киев.
Реакцијата на Мо
Салах беше бесценета, играчот на Ливерпул не мрдна и не сакаше ниту да го
погледне Серхио Рамос.


JAJAJAJA RAMOS TOCÁNDOLE EL BRAZO A SALAH, ME MUERO pic.twitter.com/7XLoAQICyl
— Ricardo(@raf_1908) August 30, 2018