139
Роналдо во Торино ја донесе целата своја фамилија во Торино, а неговиот син стана дел од академијата на Јувентус.
Тој почнал да тренира со генерацијата 2010, во која не е единственото дете на фудбалер на Јувентус.
Покрај синот на Роналдо во оваа генерација тренираат и Матиа Барзаљи и Давиде Маркизио, но тој наскоро ќе си замине заедно со неговиот татко.
Кристијано Роналдо на социјалните мрежи често постирал видеа со неговиот син, па нема да биде чудно ако тој ги следи стапките на неговиот татко и стане професионален фудбалер во иднина.