Рома никако да ја победи Аталанта пред своите фанови, возбудливо реми со шест гола на Олимпико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аталанта уште еденш се покажа како нерешлива енигна за Рома на Олимпико. „Волчицата“ за последен пат триумфираше пред своите фанови во дуелот со „нероаѕурите“ од Бергамо во 2014.

Мечот одлично почна за домаќините и по само две минути Пасторе со пета погоди за 1-0. Но потоа следеше голем пресврт на Аталантал. Кастањ изедначи на 1-1 во 19. минута а само 180 секунди подоцна Ригони донесе водство за гостите. Истиот играч во 38. минута по втор пат ја затресе мрежата на Рома за 1-3.

Ди Франческо направи две измени уште на стартот од вториот дел, Рома заигра подобри и во 60. минута се врати во игра откако Лоренци продре по средината и биеше прецизно за 2-3.

Рома продолжи да притиска и стигна до 3-3 во 82. минута. Пасторе нафрли од прекин а Манолас на подалечната статива се снајде најдобро и ја затресе мрежата на гостите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×