Џек Вилшер
одлучил да си замине од Арсенал по само 15 минутен разговор со новиот шеф на
стручниот штаб на тој клуб кој го замени долгогодишниот Арсен Венгер, Унаи
Емери.
На тој разговор
Емери му објаснил на фудбалерот дека нема да игра клучна улога во неговите
планови во тимот, па со самото тоа Вилшер се решил да си замине по што направи
трансфер во Вест Хем.
„Разговарав со
него 15 минути во тренинг центарот пред да си замине. Потоа тој го одбра
најдоброто за неговата иднина, нашата конверзација беше многу јасна и прецизна,
за мене, едно нешто е многу важно за него – да биде протагонист во нов проект,
бидејќи, овде тој не би бил протагонист на секој меч на теренот“ изјави Емери.
„Би бил среќен
доколку тој најде прилика во Вест Хем да биде протагонист, првата конверзација
беше во таа насока, мислам дека истата конверзација ја затворивме во тој момент“
додаде тој.