Подготовките на
Маурисио Покетино за дербито со Манчестер јунајтед во понеделник не одат според
планот, кратко пред неговата средба со медиумите денеска во 13 часот, Аргентинецот бил
известен дека капитенот на Тотенхем утрово завршил зад решетки.
Како што
пренесуваат медиумите од „Островото“ Хуго Лорис поминал седум часа во притвор
откако утрово околу 02:30 часот бил сопрен од полиција за рутинска контрола и
по направениот алко тест било востановено дека Французинот пијан седнал зад воланот на својот автомобил.
Се шпекулира дека
голманот бил на вечера со своите сонародници од Арсенал и Челси, односно Лорен
Косјелни и Оливие Жиру во ресторан во Мејфер, Лондон.
Хуго Лорис веднаш
се извини за своите постапки и побара прошка: „Сакам да му се извинам на моето
семејство, клубот, соиграчите, тренерот и навивачите. Неприфатливо е да се вози
во алкохолозирана состојба, превземам одговорност за моите постапки и ова не е примерот
кој би сакал да го дадам“.
Од таборот на
„Спарси“ најавија дека сериозно ќе им пристапат на случувања, и се шпекулира
дека инцидентот може да придонесе Хуго Лорис да остане без капитенската лента и да биде изоставен од тимот за дербито на Олд Трафрод.