Реал и Перез сонуваат за Нејмар или Мбапе а на крај можат да завршат со Аспас?!

by
1 минути читање

„Кралевите“
изминативе месеци се поврзуваа со голем број на играчи. Откако Кристијано
Роналдо замина, неколку звучни имиња беа споменати како негови потенцијални
наследници.

Нејмар и Мбапе
најчесто се споменуваа, исто како и Еден Азар. На листата со желби беа уште и
Хари Кејн, Роберт Левандовски и Мауро Икарди, а во последно време се говори и
за Родриго од Валенсија.

И додека
„Кралевите“ се уште сонуваат за Нејмар или Мбапе и се надеваат дека УЕФА ќе го
казни ПСЖ и ќе им ја отвори вратата за Бразилецот или Французинот, медиумите од
Шпанија пренесуваат дека Реал веќе се договорил со Јаго Аспас од Селта и 31
годишниот фудбалер ќе пристигне доколку не се реализира ниту една од првично
зацртаните цели.

Шпанецот има откупна клаузула од 40 милиони евра која шампионот на Европа
лесно може да си ја дозволи, но Реал ќе седне на маса со Селта и ќе се обиде
дополнително да ја намали сумата.

Јаго Аспас има
одлични бројки во Ла Лига во дресот на Селта и може да се пофали со 55 гола во
последните три сезони од најсилното првенство на Шпанија, но фановите не ја забораваат неговата лоша авантура во
Ливерпул, и тоа што важи за едно од најголемите трансфер промашувања на клубот од
Енфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×