Еден од најубавите голови во историјата во Лигата на шампионите ги постигна Кристијано Роналдо во Торино против Јувентус. Португалецот изведе спектакуларни ножички за кои доби стоечки овации од целиот стадион.
„Некои луѓе велат дека е најдобар, некои не. Се што можам да кажам е дека на крајот мали детали прават голема разлика, тоа што го видов на стадионот ми помогна да ја донесам одлуката да се преселам во Јувентус. За жал, тој гол го постигнав против мојот сегашен клуб, но тоа е минато“, вели Роналдо.
„Според мене, тоа е мојот најубав гол во кариерата досега. И се разбира, кога луѓето почнаа да ми аплаудираат на стадионот, си помислив „Уау“! Тоа ме изненади многу, бидејќи никогаш порано не ми се случило, беше неверојатен момент“.
„Сега сакам да ја освојам Лигата на шампионите со Јувентус. Со соиграчите ќе се фокусираме на тоа, не не сме опседнати. Одиме чекор по чекор и ќе видиме дали тоа ќе се случи оваа година, следната, или можеме за три години. Фокусот на клубот е да ја освои Серија А, Купот на Италија и да стигне колку може подалеку во Лигата на шампионите“.