Трансфер пазарот
во Шпанија финишира на 31. август, фановите на Реал Мадрид се надеваат дека
Флорентино Перез ќе донесе звучно име како замена за Кристијано Роналдо, но
шансите за една ваква зделка се многу мали и најверојатно последните денови од
преодниот рок „Кралевите“ ќе ги искористат за да се разделат со неколку играчи.
Еден од оние кои
треба да добијат „клоца“ е подзаборавеното засилување од 2011 вредно 30 милиони
евра, Фабио Коентрао.
Левиот бек
минатата сезона ја помина на позајмица во Спортинг, и последен пат на терените
беше виден на 20. мај кога настапи во финалето од Купот на Португалија против
Авеш.
Како што пенесува
АС, никој не знае каде е Португалецот, кој за последен пат на социјалните мрежи
бил активен пред 62 дена. На Фејсбук, Фабио Коентрао не се огласи ни откако
неговиот брод спаси 15 рибари на отворено море, ниту пак за да го поздрави
добриот пријател Кристијано Роналдо по трансферот на ЦР7 во Јувентус.
Се шпекулира дека
тој неодамна почнал да тренира со личен тренер во Ла Финка, но изворот на оваа
информација одбил со сигурност да го поврди ова пред нотар. Хулен Лопетеги
секако не смета на играчот, и иако сите во Реал Мадрид се свесни дека нема
шанси тој да игра за нив повторно, Фабио Коентрао се нема појавено во
Валдебебaс ова лето за да разговара за сопствената иднина и што ќе се прави со
последните 12 месеци од договорот.
Фабио Коентрао има плата од
4 милиони евра по сезона, па „Кралевите“ сигурно сакаат што поскоро да го
тргнат од платен список.