Полјакот по 10
години соработка со Чезари Кухарски во февруари реши да му „раскине“ на својот
агент и во иднина да биде застапуван од израелскиот биснисмен Пини Захави. Уште тогаш почна
да се шпекулира дека Роберт Левандовски планира да ја промени средината, и
напаѓачот навистина побара од лидерите на Баерн Минхен да биде продаден.
Неколку гиганти се обидоа да го ангажираат но „Баварците“ не сакаа да слушнат за трансфер и уште
еднаш демонстрираа дека нема шанси некој да дојде до фудбалер кој тие го
сметаат за важен дел од тимот.
Самиот Роберт
Левандовски сега си ја отвори душата и проговори за желбата да замине од Алианц
Арена. Тој вели дека се решил на еден ваков чекор откако лидерите на клубот не
го заштитиле од критиките. Многумина му замерија на голгетер што беше прилчно
тивок на големите натпревари, особено оние во Лигата на шампионите и
пресметката со Реал Мадрид во полуфиналето.
„Точно е дека со
Пини Захави се договоривме да ја променам средината и да побарам трансфер. Се
решивме на еден ваков чекор бидејќи во тие моменти повеќе не се чувствував
добро во Минхен. Во април и мај, пристигнуваа критики од сите страни. И чувствував
дека не сум доволно заштитен од клубот. Се почувствував осамен. Не постигнав
гол на два-три важни натпревари и одеднаш сите почнаа да ме критикуваат. Никој
од лидерите на клубот не мрдна за да ме одбрани. Многу работи се собраа, се
чувствував како да сум во Баерн само една сезона и како да немам ништо сторено
за клубот. Затоа размислував за заминување“ – вели Роберт Левандовски.
Голгетерот исто
така додава дека ситуацијата сега е променета, па тој ќе продолжи и порача дека
никогаш не помислувал со штрајк како Осман Дембеле да изнуди трансфер.
„Моето срце
повторно е со Баерн. Видов како фановите тука во Минхен се зад мене… гледам
дека тие се уште ме сакаат!!! Никогаш нема да штрајкувам, никогаш нема да го
ставам клубот во тешка ситуација. Повеќе не мислам на трансфер во странство“.