Казна за Спалети

by
1 минути читање

Интер тргна со
минимален пораз кај Сасуоло во новата сезона од Серија А шампионатот, а шефот
на стручниот штаб на Нероаѕурите, Лучијано Спалети имаше низа забелешки на
арбитражата од мечот.

Маурицио Мариани
го привлече гневот на искусниот фудбалски стратег кој сега се здоби со казна од
куќата на фудбалот во Италија, и тоа, парична во висина од 10 илјади евра.

Освен паричната
казна, на Спалети му е дадено и предупредување од страна на италијанската
фудбалска федерација, што би значело многу поригорозна казна во иднина.

Интер во следното
коло кое се игра претстојниов викенд на домашен терен го пречекува Торино, а
оваа пресметка во Милано е предвидена да се одигра во недела со почеток од
20,30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×