Пјаниќ го продолжи договорот со Јувентус

by
1 минути читање

Како што се
очекуваше, а воедно и најавуваше, Миралем Пјаниќ и официјално го продолжи
договорот со италијанскиот првак Јувентус до јуни 2023. година.

28 годишниот
офанзивец во редовите на Старата Дама е веќе две години откако се активираше
неговата откупна клаузула од договорот со Рома, во Италија пренесуваат дека
Босанецот ќе заработува 6,5 милиони евра на годишно ниво, дополнително и бонуси
во новиот договор со тимот од Торино.

Пјаниќ имаше
договор со Јувентус до 2021. година а во истиот имаше годишна плата од 4,5 милиони
евра, но челниците на клубот брзо реагираа по се
засилениот интерес за нивниот фудбалер, особено од
ПСЖ и Барселона кои беа сериозни во намерите.

Босанецот
реализираше 92 настапи за Јувентус, на кои постигна 15 погодоци, а истовремено
запиша и 28 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×