Ширер нема дилеми во својот избор: Тој е најдобриот странец кој досега играл во Премиерлигата

by
1 минути читање

Дури и без
моторот на својата игра, Кевин Де Брујне, бранителот на трофејот во најсилниот
англиски фудбалски шампионат, Премиерлигата, тимот на Манчестер Сити го прегази
Хадерсфилд со 6-1 пред своја публика во второто коло.

На мечот во
Манчестер, Агуеро постигна хет-трик, негов деветти во Премиерлигата, со што се
најде на второто место во таа конкуренција, веднаш зад легендарниот Алан Ширер
кој не се штедеше на пофалби на адреса на Аргентинецот.

Серхио Агуеро
сега има девет хет-трика, сега е за само два хет-трика зад мене. Најдобриот
странски фудбалер кој играл во Премиерлигата досега, одличен напаѓач кој нема
мана
“ издвои Ширер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×