Ракитиќ останува во Барселона, но во поинакви услови

by
1 минути читање

Барселона, според
неофицијалните информации кои во јавноста ги пласираше Марка, веќе постигнала
договор со Иван Ракитиќ околу потпис на нов договор на хрватскиот
репрезентативец кој изминатиов период се поврзуваше со трансфер во ПСЖ.

Според пишувањата
на Марка, Барселона не ни размислува за интересот од францускиот клуб, а
очекувањата се дека Хрватот ќе добие значително поголема плата од таа што ја
има во моментов со потписот на новиот договор.

Информациите
велат дека Ракитиќ имал желба да остане на Камп Ноу, а неговата откупна
клаузула во висина од 125 милиони евра се чини дека не беше голем проблем за
тимот од Париз.

Ракитиќ е еден од
клучните фудбалери за Каталонците откако пристигна во клубот во 2014. година,
учествувајќи во освојување на три титули во Примера, четири во тамошниот Куп,
како и една титула во Лигата на шампионите, бележејќи 200 настапи за клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×