Заврши одморот, Роналдо се врати во Торино и од утре почнува со тренинзи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По промоцијата
како нов фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо замина на турнеја во Кина со
спонзорот Најк. Откако му завршија обврските на Далечниот Исток тој вечерва се
врати во Торино.

Неговиот приватен
авион слета на аеродромот Каселе околу 19:30. Надвор го чекаа 50-тина навивачи,
а внатре шест автомобили Џип и еден куп обезбедување.

ЦР7 утре
започнува со подготовките за новата сезона, Португалецот ќе тренира под будното
око на Алдо Долчети, човек од доверба на Макс Алегри. На тренинзите ќе му се
придружат и Јужноамериканците кои добија продолжен одмор по настапот на
Светското првенство како Пауло Дибала, Гонзало Игуаин, Хуан Квадрадо, Родриго
Бетанкур и Даглас Коста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×