657
„Кралевите“ на 1.
август ќе го имаат првиот контролен натпревар пред почетокот на сезоната. Реал
Мадрид се среќава со Манчестер јунајтед на Флорида, па експедицијата предводена
од Лопетеги вчера пристигна во Мајами.
Шампионот на
Европа ќе престојува во Ист Хотел, каде вчера беа пречекани од стотина фанови
кои сакаа одблизу да ги видат своите идоли.
Случајно или не,
хотелот кој Реал Мадрид го одбра се наоѓа во близина на голем мурал на Нејмар. Бразилецот
е трансферот од соништата на Флорентино Перез, но барем ова лето тој нема да се
пресели на Сантијаго Бернабеу.
