Клоп ја доби
првата пресметка со Мурињо во новата сезона, иако се работи само за
подготвителен натпревар со голем број на измени во двата состави. „Ѓаволите“
утрово не можеа да им парираат на „Црвените“ кои на крајот се радуваа на висока
победа од 4-1.
Резултатот беше
отворен во 28. минута. Мичел несмасно стартуваше врз Салах, судијата покажа на
белата точка а Мане прецизно биеше од 11 метри за 1-0. Манчестер
јунајтед брзо се врати во игра, Переира од слободен удар постигна „голазо“ во
31. минута, но тоа беше се што направија избраниците на Жозе Мурињо.
Ливерпул продолжи
со доминацијата и откако беа направени голем број замени во второто полувреме и
се врати во водство во 66. минута кога Стариџ итро биеше по земја покрај
стативата. Оџо во 74. минута
од пенал зголеми на 3-1, а точка на натпреварот стави Џердан Шаќири со
мајсторски ножички во 82. минута од мечот.