АС: Реал се откажува од Азар, двајца Шпанци ќе добијат шанса да блеснат на Бернабеу

by
1 минути читање

По заминувањето на Кристијано Роналдо, имаше голем број на стории за тоа
кој ќе го наследи ЦР7 на Сантијаго Бернабеу. Се говореше дека Нејмар и Килијан
Мбапе се на врвот на листата со желби, а опција е и Еден Азар.

ПСЖ не сака да слушне за продажба на своите две ѕвезди, па Белгијанецот
остана како најреална цел со оглед на тоа дека Еден Азар никогаш не криел дека
сака еден ден да го облече дресот на „Кралевите“.

Но според денешното издание на АС, доколку не се случи некоја драматична
промена на плановите, Еден Азар нема да пристигне во Реал Мадрид.

Весникот пренесува дека Хулен Лопетеги смета дека Иско треба да биде еден
од темелите на новиот проект, па бидејќи тренерот има целосна доверба во
Андалузиецот, Реал Мадрид смета дека е време играчот да добие шанса да блесне,
па затоа нема да тргне по Еден Азар. Секако на оваа одлука влијае и тоа што Челси
за да се раздели со Белгијанецот бара рекордна сума од 225 милиони евра.

Исто така, евентуално пристигнување на Еден Азар ќе значи и помала минутажа
за Марко Асенсио, уште еден играч кој Лопетеги очекува да блесне доколку добие
соодветна шанса. Реал минатото лето веќе го жртвуваше Хамес Родригез и го испрати
на позајмица во Баерн за младиот Шпанец да ужива поголема минутажа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×