„Кралевите“ со 3-1 триумфираа над Ливерпул во Киев и се радуваа на третата
едноподруго титула во Лигата на шампионите. „Црвените“ тешко се помирија со
поразот а непријател број 1 им стана Серхио Рамос.
Дефанзивецот најпрво имаше дуел со Мо Салах по кој Египјанецот го повреди
рамото и ја напушти играта а потоа се судри и со голманот Лорис Кариус, потег
за кој подоцна беше установено дека придонел Германецот да заработи потрес на
мозокот и тоа влијаело на неговите две катастрофални грешки.
„Повторно ја отвараме таа стара приказна?“ – вели Јирген Клоп. „Имате
акција-реакција-акција-реакција и не ми се допаѓа тоа, но доколку повторно го
погледнете мечот и не навивате за Реал Мадрид, тогаш сигурно мислите дека
стартовите беа немилосрдни и брутални“.
„Доколку ВАР е иднината на фудбалот, тогаш вакви ситуации мора да се
прегледаат. Не за да се даде црвен картон, но да се погледне снимката и да се
каже: „Што е ова?“ Тоа беше немилосрдно“.
„Не сум сигурен дали повторно ќе видиме нешто слично, да му удрите лакт во
глава на голманот, како борач да го фрлите најдорбиот голгетер на земја на средината од
теренот и потоа да победите. Тоа е приказната од мечот. Рамос потоа кажа многу
работи кои не ми се допаднаа. Не ми се допаднаа реакциите од негова страна. Тој
се однесуваше како, „Не ме интересира, што очекуваа тие? Ова е нормално“. Не,
тоа што тој го правеше не е нормално“.