Челси ќе извиси, Игуаин ќе игра за Милан, Бонучи се враќа во Јувентус!?

by
1 минути читање

„Скај Италија“ и „Газета дело Спорт“ објавуваат дека Јувентус и Милан го договориле трансферот на напаѓачот, остануваат уште преговорите со Игуаин.

Милан ќе плати за позајмица на една сезона со обврска комплетно да го купи следното лето. Ваквиот начин на трансфер е со цел клубот да го испочитува финасискиот фер плеј.

Проблем може да претставува платата на Игуаин која во моментов изнесува 7,5 милиони евра годишно, тој не би сакал да ја намали со трансфер во Милан. Преговорите меѓу играчот и клубот ќе се водат деновиве.

Ако Игуаин прифати да игра за Милан, Челси ќе извиси бидејќи и тие се силно заинтересирани за напаѓачот кој сега може да бира дали ќе остане во Италија или ќе се пресели во Премиерлигата.

Информациите велат дека договорена е размена Леонардо Бонучи да се врати во Јувентус, а Матија Калдара да оди во Милан.

Се по веројатно е дека по само една сезона во Милан, Бонучи ќе се врати во Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×