Клоп брилијантно одговори на провокациите од Мурињо

by
1 минути читање

„Црвените“ се
најактивни на трансфер пазарот до овој момент и потрошија преку 170 милиони
фунти за четири нови засилувања. Жозе Мурињо знае дека Ливерпул прави добар тим
па почна со неговата препознатлива психолошка војна и порача дека Јирген Клоп не може повеќе да бара алиби и мора да ја освои титулата бидејќи инвестира премногу.

Но Германецот
имаше брилијантен одоговор на ваквите провокации и за Скај Спортс Њус рече: „Да,
Мурињо малку сака да игра психолошка војна, но тоа е во ред“.

„Слушнав дека сум
му бил смешен, една од најголемите цели во животот ми е да го насмеам Жозе, тоа
не се случува често!“

„Кажав одредени
работи во минатото, не паметам што точно кажав но знам дека говорев за
трансферот на Погба. Никогаш не би зборувал за Манчестер јунајтед доколку некој
не ме праша. Јас сум културен, па доколку некој ме праша ќе одговорам иако тоа
понекогаш не е паметно“.

„Немам никаков
проблем со коментарите на Жозе Мурињо, ова е слободен свет и секој може да кажа
што сака. Доколку тој е среќен за нашите трансфер активности тогаш уште
подобро, но знаеме дека тоа што трошиме не значи дека автоматски ни следува
титулата“.

„Манчестер
јунајтед има силен тим, и сигурен сум дека дополнително ќе се засилат во
следните две недели. Манчестер Сити и Тотенхем исто така се многу силни.
Арсенал и Челси имаат нови тренери но и тие ќе бидат силни, па наша задача е и
ние да се подобриме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×