Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Динамо Загреб – Рудеш: 1-1
Динамо Загреб ја започнува одбраната на титулата во Хрватска на домашен терен против Рудеш. Популарните „модри“ веќе го имаа првиот официјален натпревар оваа сезона, во вторникот имаа настап во Лигата на шампионите, каде во првиот меч од второто квалификациско коло го декласираа Хапоел Бер Шева со 5-0. Нашиот Аријан Адеми ја носеше капитенската лента и со два гола беше еден од најзаслужните за високата победа. Овој триумф позитивно влијаеше врз играчите кои во одлична атмосфера сега ја чекаат со пресметката во воведниот натпревар од шампионатот на Хрватска. Во четирите пресметки од минатата сезона, Динамо Загреб во два наврати го совлада Рудеш, и тоа пред своите фанови. Една пресметка заврши нерешено, а во последната, на крајот од сезоната, Рудеш го изненади фаворитот и славеше со 1-0. По овој меч се случија големи промени во двата тима. Никола Јурчевиќ доби отказ од Динамо и на негово место беше назначен Ненад Бјелица. Од Загреб исто така си заминаа и тројца фудбалер, а пристигнаа дури 13 нови играчи. Најголеми промени има во одбраната. Рудеш пак по крајот на сезоната ја прекина соработката со шпанскиот клуб Алавес која траеше две години. Поради ова си заминаа дури 8 играчи кои беа на позајмица, како и тренерот Аира, кој пристигна сред сезона и имаше голема заслуга за добрите резултати со кој Рудеш ја оствари својата цел и обезбеди настап во најсилното првенство на Хрватска. Клубот исто така го напуштија и уште неколку други играчи, помеѓу кои и најдобриот напаѓач Будимир, кој направи трансфер токму во Динамо. Новајлиите претежно се млади играчи, кои се дојдени на позајмица од Динамо или Хајдук. Тие ќе бидат желни за докажување но прашање е колку ќе можат да им парираат на искусните и квалитетни фудбалери на шампионот. Ненад Бјелица би можел да направи неколку измени во својот тим за овој меч и покрај тоа што пласманот во третото коло од Лигата на шампионите на Динамо практично му е осигуран, но и покрај тоа се очекува популарните „модри“ без проблеми да стигнат до победа и трите бода да ги осигураат уште во првото полувреме.
Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.
Локомотив Москва – ЦСКА Москва: Победа или реми за домаќините
На стартот од новата сезона во Русија, лутите градски ривали, Локомотив и ЦСКА ќе ги одмерат силите во Суперкупот во Нижни Новгород на стадионот кој беше изграден за Светското првенство. ЦСКА Москва воопшто не требаше да игра на овој меч бидејќи Суперкупот е дуел помеѓу шампионот и освојувачот на купот. Но Тосно откако приреди големо изненадување и стигна до титулата од купот имаше проблем со финансиите, клубот банктнотираше па ЦСКА Москва доби покана да му се спротивстави на шампионот Локомотив Москва. Популарните „Армеици“ влегуваат со многу прашалници во овој меч откако изминативе месеци претрпеа големи промени во играчкиот кадар. 39 годишниот Игнашевич стави крај на кариерата, а копачките ги обесија и браќата Алексеј и Васили Березуцки. Младата ѕвезда Александар Головин е пред трансфер вреден 30 милиони евра во Монако. Авангурата во Русија ја заврши и Понтус Вернблом, а клубот го напуштија и Натхо и Миланов. Во клубот пристигнаа Исланѓанецот Магнусон, Бразилецот Родриго Бекао, Словенецот Јака Бријол и Русинот Илзат Ахметов, и се чини дека тие не се доволно квалитетни замени за оние кои заминаа. За овој меч под знак прашалник е и Алан Дзагоев, кој се мачеше со повреда на Светското првенство, а од поодамна надвор од стројот се Васин, Кучаев и Макаров. За разлика од ЦСКА, во составот на Локомотив немаше толку големи промени, се задржа костурот на екипата а беше донесен и искусниот Криховијак. Па Локо влегува како фаворит во овој меч и за очекување е на крајот да се радува на трофејот.
Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со BET-IBC.