316
Неколку големи клубови се заинтересирани за ангажман на Ентони Марсијал кој ретко е во стартниот тим на Жозе Мурињо.
Но „Мирор“ пишува дека Манчестер јунајтед ќе му дозволи на Марсијал да си оди само ако успеат да го ангажираат Иван Перишиќ од Интер.
Жозе Мурињо е фан на играта на хрватскиот фудбалер кој има карактеристики за крилен играч какви што сака Португалецот.
Ако раководството на Манчестер јунајтед успее да постигне договор со Интер и да го обезбеди потписот на Перишиќ, Марсијал ќе има зелено светло да го напушти Олд Трафорд.