Атлетико ја прифати понудата, Врсаљко наскоро ќе стане играч на Интер

by
1 минути читање

Врсаљко имаше одлична сезона зад себе, со Атлетико Мадрид ја освои Лига Европа откако го победија Марсеј во финалето и беше еден од најважните играчи на Хрватска која направи историски успех со пласманот во финалето на Светското првенство.

Подолго време се шпекулираше дека Интер е сериозно заинтересиран за Врсаљко, според последните информации овој трансфер наскоро ќе се реализира.

Атлетико Мадрид и Интер постигнале договор, сега останува да се средат и деталите по што трансферот ќе биде објавен.

Интер ќе плати 8 милиони евра за едногодишна позајмица со можност да го откупи комплетно за уште 16 милиони евра.

Ова ќе биде враќање на Врсаљко во Серија А, тој играше за Сасуоло пред да се пресели во Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×