234
Емил Смит Роу е
новото чудо од дете од школата на „Топчиите“ и оние кои ги следат неговите
настапи подолго време очекуваат тој да биде идна голема ѕвезда.
17 годишниот
фудбалер за кратко време го привлече и вниманието на новиот тренер Унаи Емери,
кој го повика играчот во првиот тим за турнејата на Далечниот Исток.
Емил Смит Роу
денеска доби прилика да покаже што умее против Атлетико Мадрид, и тој ги
„запали“ фановите со одлична партија и спектакуларен гол. Откако се ослободи од неколку играчи,
од работ на шеснаесетникот биеше неодбранливо во аголот и изедначи на 1-1 на стартот од вториот дел.