265
Нејмар лани во ПСЖ дојде за рекорден трансфер од Барселона и беше главната ѕвезда на францускиот тим, но сега се чини дека работите се менуваат.
Особено по настапот на Светското првенство во Русија, Килијан Мбапе станува поинтересен за навивачите на ПСЖ, па раководството на клубот почна него да го става во преден план.
Минатата година главната слика на фасадата од продавницата на ПСЖ која се наоѓа на стадионот, ја имаше Нејмар. Но таа сега е тргната и е ставена сликата на Мбапе.
