„АС“ денеска пишува дека Единсон Кавани е најреалната цел на Реал Мадрид од офанзивата на ПСЖ. Уругвајскиот напаѓач минатата сезона постигна 40 голови на 48 натпревари, а сезоната пред тоа 49 на 50 меча.
Богатиот ПСЖ по ниту една цена не сака да се откаже од Нејмар и Мбапе, фудбалери кои претходно се поврзуваа со Реал Мадрид.
Минатата сезона Нејмар и Кавани имаа недоразбирања, односот меѓу двајцата фудбалери не беше најдобар, а тоа го прави заминувањето на Уругваецот уште поизвесно.
Кавани е еден од омилените играчи на фановите на ПСЖ и многу почитуван од газдата Насер Ал Келафи поради професионализмот и ефективноста која ја има за тимот.
Иако има 31 година, се верува дека ПСЖ нема да го продаде Кавани за помалку од 100 милиони евра. Дополнителен проблем за Реал Мадрид е и високата плата на напаѓачот, тој во моментов добива 12 милиони евра по сезона плус два милиони во лесно достижни бонуси.
Но, Кавани досега во кариерата има заработено многу, па веројатно би прифатил да игра и за нешто помала плата само за да го облече дресот на Реал Мадрид.