Парма ќе остане во Серија А, но сезоната ќе ја почне со -5 бода, а Емануеле Калаио доби двегодишна суспензија.
Италијанската фудбалска федерација го истражуваше случајот по сомнителните тектстуални поради пратени од играч пред одлучувачкиот меч на Парма против Специја.
Емануеле Калаио, поранешен играч на Специја, им пратил порака на своите поранешни соиграчи Филипо Де Кол и Клаудио Терци пред последниот меч од минатата сезона.
Во тие пораки тој бара од нив да влијаат на резултатот со тоа што они двајца нема да се залагаат доволно на теренот.
Парма го доби дуелот со Специја со 2-0 и се врати во Серија А.
Поради овој случај на Парма и се закануваше и враќање во Серија Б, па можат да бидат задоволни од одлуката која беше донесена денес, да ја започнат новата сезона со -5 бодови.
Парма тврдеше дека пораките испратени од Калаио биле шега, но тој доби двегодишна суспензија, а со оглед на тоа дека има 36 години, може ова да е и крај на неговата кариера.