Ули Хенес брутално распали по Озил

by
1 минути читање

Месут Озил стави крај на репрезентативната кариера а како причина го наведе лошиот однос кон него од Фудбалската федерација на Германија и други лица. Вели дека таму има луѓе кои шират расистички и дискримирачки ставови кон играчите кои имаат потекло од други земји.

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес е среќен што Озил веќе нема да настапува за Германија бидејќи смета дека наведеното му е само изговор за лошите игри во последните години.

„Среќен сум што ова заврши. Тој игра лошо веќе со години. Последен добиен дуел му е пред СП 2014 година и сега се крие себе си и неговите очајни перфроманси зад оваа слика“, вели Хенес.

„35 милиони луѓе кои го следат, се разбира дека не се од реалниот свет, тие мислат дека тој одиграл одлично ако имал успешно додавање.“

Хенес вели дека кога играле Баерн Минхен и Арсенал, тие играле преку позицијата на која е Озил бидејќи сметале дека тој е слаба алка на лондонскиот тим.

„Кога и да игравме со Арсенал, ние игравме преку него, бидејќи знаеме дека е слаба точка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×