По заминувањето на Кристијано Роналдо, „Кралевите“ разгледуваат неколку опции и сценарија како да ги надополнат головите на Португалецот. Флорентино Перез вчера вети големо засилување, а според Марка, ново име на листата со желби е Мауро Икарди.
Аргентинецот се поврзуваше со Реал Мадрид и во јануари, но шампионот на Европа ретко прави големо зделки во зимксиот преоден рок и преговорите завршија уште пред да започнат. Марка вели дека „Кралевите“ сега одново би можеле да тропната на вратата на Интер и да се обидат да го донесат голгетерот, кој има откупна клаузула од 110 милиони евра.
Сепак весникот заборави дека оваа откупна клаузула повеќе не е валидна. Во договорот на Мауро Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра за клубови од странство, но таа може да се активира само до 15. јули.
Па доколку Реал Мадрид сака да го ангажира Аргентинецот ќе мора да седне на преговори со Интер, кој сигурно ќе бара многу повеќе за да се раздели со својот капитен и најдобар играч.
И не само тоа, сега откако клаузулата повеќе не е валида, „Нероаѕурите“ се обидуваат да го продолжат договорот на Мауро Икарди, да го наградат со поголема плата и дополнително да ја зголемат неговата цена.