191
Нема дилеми дека
Јувентус направи голема зделка со трансферот на Кристијано Роналдо,
Португалецот е бренд од кој клубот ќе има огромна заработка, а полека но
сигурно тоа се потврдува во сите аспекти. Како за пример, откако се официјализира
трансферот вреден 110 милиони евра, Јувентус продаде 520,000 дресови со
неговото име во само 24 часа по
објавувањето на трансферот.
Португалецот ги
разниша и социјалните мрежи, а веќе влезе и во историјата на Инстаграм, „Forza
Juve“ гласеше пораката која тој ја напиша на
Инстаграм пред само три дена, а истата собра цели 11.4 милион лајкови, со што
стана петтата најлајкувана објава во историјата на таа социјална мрежа.