Според
неофицијалните информации кои ги пренесуваат дел од италијанските медиуми, се
вели дека Милан сериозно размислува да го вклучи Џанлуиџи Донарума во
евентуалниот договор што би го постигнал со Челси за напаѓачот Алваро Мората.
Милан очајно е во
потрага по квалитетно засилување во последната линија од нападот, а од друга
страна пак, Челси не би имал ништо против од засилување на голманската
позиција, од причина што за Тибо Куртоа е познато дека се поврзува со трансфер
во Реал Мадрид. Тутоспорт известува дека Милан е до тоа ниво подготвен за
Мората што дури би го понудил и Донарума во пакет.
Калчомеркато го
поврза Мората со враќање во редовите на Јувентус, но таа екипа по ангажманот на
Роналдо, веќе во својот состав ги има и Игуаин, Дибала, како и Манџукиќ, па со
самото тоа Старата дама веќе е составена од доволно квалитетни офанзивци.