Лутите ривали
Барселона и Реал Мадрид се подготвуваат за битка надвор од терените. Во
емисијата „Ел Трансистор“ на „Онда Серо“ беше објавено дека и „Каталонците“ ќе
се обидат да го ангажираат Еден Азар.
Извештајот вели
дека Барса на Челси му го нуди Осман Дембеле како и значителна сума на пари за
да стигне до потписот на Белгијанецот.
Ваквите вести
само се надоврзуваат на оние на каталонскиот весник Спорт од пред една недела,
кој објави дека преставници на Барселона веќе оствариле контакт со агентите на
Еден Азар за да дознаат дали играчот е расположен за преселба на Камп Ноу.
Фудбалерот на
Челси наводно се искачил на врвот на листата со желби на шампионот на Шпанија
по неуспехот да се донесе Антоан Гризман.
Останува да се
види дали има вистина во ваквите шпекулации и дали Еден Азар би прифатил
трансфер во Барселона бидејќи играчот никогаш не криел дека има симпатии кон Реал и Мадрид е неговата трансфер дестинација од сонишнтата.
„Кралевите“ се
обидуваат да го донесат во пакет со неговиот сонародник Тибо Куртоа. Се шпекулира дека двата клуба лесно се договориле за трансфер на голманот вреден 35 милиони евра, но Челси му ја отежнува работата на Реал за Еден Азар поставувајќи цена од 225 милиони евра.