Се подготвува нов договор за Далиќ со двојно повисока плата

by
1 минути читање

Хрватска направи
историски успех на Светското првенство во Русија завршувајќи на второто место
на турнирот откако во големото финале немаше сили за нов подвиг, па претрпе
пораз од 4-2 од селекцијата на Франција.

Златко Далиќ
седна на клупата на Коцкестите во еден доста бурен период, меѓутоа и покрај тоа
што неговото доаѓање беше проследено со скептицизам, најпрво ја однесе Хрватска
на Мундијалот, за таму, да испише историја со своите избраници, а веќе се
најавува и нов договор за него на клупата на Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми.

Нашата желба е
веќе позната, ние сакаме Златко Далиќ да остане на селекторската позиција, да
потпише нов, четиригодишен договор. Уште долго го посакуваме на клупата на
репрезентацијата
“ рече Томислав Светина, потпретседател на куќата на фудбалот
на Хрватска.

Според актуелниот
договор кој има важност до 2020. година, поточно до крајот од идното Европско
првенство, Далиќ годишно има плата од речиси 500.000 евра, сега, доколку би
потпишал нов договор би заработувал околу 1 милион евра на годишна основа, што
е двојно повисока плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×